четврток, април 25, 2024
домаЖивотСценаФестивалот „Охрид Колинг“ не се откажува до 01 јули

Фестивалот „Охрид Колинг“ не се откажува до 01 јули

Петтиот јубилеен роденден на фестивалот „Охрид Колинг“ ќе сеодржи на 1 јули, порача организаторот „Авалон продукција“,  порачувајќи дека нна оваа чудна и тешка година и‘ возвраќаат со истовремено свеж и култен лајнап кој го сочинуваат 20 артисти, каков што им доликува не само на верните фанови и ветерани на фестивалот, туку и на оние кои годинава за прв пат ќе станат дел од оваа голема фамилија.

Во Охрид оваа година би требало да присуствуваме на спектакуларното шоу на Димитри Вегањс и Лајк Мајк, број еден светски диџеи за 2019-та и хедлајнери на сите најголеми светски фестивали, кои ја приредија најлудата и една од најпосетените вечери од фестивалот „Охрид Колинг“ во 2018-тата.

Тука е и холандското дуо W&W, препознатливо по совршениот прогресивен микс на EDM, house и trance.

Третиот ден пак, хедлајнерската позиција ја има „Лост фриквенсис“, младиот дечко кој во самиот почеток на неговата кариера, во 2016-та гостуваше на „Охрид Колинг“, а сега веќе се смета за реномиран артист во електронската и фестивалската заедница, со вечно младите и актуелни хитови како Are You With Me, Reality и многу други…

-Последниот, четврти ден е резервиран за роденденска прослава каква што му доликува на „Охрид Колинг“ племето. После неочекуваниот настап во 2018-тата година, токму ВИЕ баравте од нас можност да ја доживеете таа вечер уште еднаш… па, поради тоа, за петтиот роденден на „Охрид Колинг“ одлучивме да ви ја исполниме желбата и да го донесеме и Салаторе Ганази, веројатно најголемиот шоумен кој се качил на сцената на „Охрид Колинг“ и, поминувајќи ги сите граници на EDM-от и фестивалскиот перформанс, го приредил најавтентичното и дефинитивно најнезаборавното шоу –велат организааторите.

За ноќите да бидат целовечерно квалитетно исполнети ќе придонесат и „Бластеџекс“, холандското big house и electro house дуо кое зад себе има број соработки со најголемите имиња на електронската сцена, како Дејвид Гета, Тиесто, Хардвел, Афроџек …француското дуо „Офенбах“, чиј хит „Be Mine“ се најде на секоја радиска, фестивалска и летна плејлиста на континентов,  харизматичниот австралијанец Вил Спаркс, познат по хитот „Ah Yeah So What“, италијанското дуо- браќата Винаи, словенечкото дуо „Ванилаз“ и уште мноогу други…

Како што велат од „Авалон“, колку и да звучи сето ова во моментов како невозможна мисија, земајќи ја предвид моменталната ситуација со коронавирусот, сметаат дека е добро сите заедно да фантазираме и да шириме оптимизам, кога веќе ништо друго не ни останува, стремејќи се и подготвувајќи се истиот оптимизам да стане реалност.

– Ние сме полни надеж и нема да влеземе во процес на откажување на фестивалот или пак префрлување на истиот за 2021 година се’ до 01 јули оваа година. Доколку се исполнат нашите очекувања и фестивалот сепак се одржи, сите детали околу влезниците ќе бидат објавени на 01-ви јули. Па така, зачувајте си ги деновите од 31ви јули – 3ти август затоа што, можеби токму тогаш, со „Охрид Колинг“, сите присутни ќе се соединиме и ќе ја смениме насоката на оваа досега тажна година! Нека на „Охрид Колинг 2020“ се испијат сите неиспиени пијачки и изиграат сите неизиграни забави! –порачуваат организаторите. А.Р.

RELATED ARTICLES

Most Popular