Гете-институт Скопје во соработка со Кинотека на Мекедонија по седми пат го организира Фестивалот за слика и филм за деца и млади (БУФ). Фестивалот ќе се одржи од 23 до 28 април во Кинотека на Македонија и на него ќе се прикажува висококвалитетен избор на германски филмови за деца и млади.

На програмата се наоѓаат пет актуелни и возбудливи играни филмови. Сите ќе бидат прикажани во оригинал со превод на македонски и албански јазик. Тие се наменети за сите деца кои можат да го читаат преводот или разбираат германски јазик.

Биберковци и клетвата на Црниот крал
Режија: Христијан Теде,
Германија 2017, 99 минути
Препорачано за возраст над 8 години
24.04.2018, 18:00
26.04.2018, 18:00
28.04.2018, 18:00

Венди
Режија: Дагмар Зојме
Германија 2017, 91 минути
Препорачано за возраст над 7 години
23.04.2018, 12:00
25.04.2018, 18:00

Тајната на смарагдот
Режија: Феликс Фуксштајнер, Катарина Шеде
Германија 2016, 113 минути
Препорачано за возраст над 12 години
26.04.2018, 18:00
27.04.2018, 12:00

Беше еднаш во земјата на Индијанците
Режија: Илкер Чатак
Германија 2017, 96 минути
Препорачано за возраст над 12 години
23.04.2018, 18:00
28.04.2018, 18:00

Амели трча
Режија: Тобиас Виман
Германија 2017, 97 минути.
Препорачано за возраст над 12 години
25.04.2018, 12:00
27.04.2018, 18:00

Гете-институт ги уверува сите љубители на филмот дека за секого ќе има нешто возбудливо, поттикнувачко, забавно или поучно и, секако, дека ќе има нешто за сечиј вкус.

Повеќе информации за фестивалот има на www.goethe.de/skopje и на www.facebook.com/goetheinstitut.skopje.