Мета воведе нови функции за својата апликација „Фејсбук месинџер“ (Facebook Messenger). Новите функции се наменети за шифрирани повици „end-to-end” (крај со крај), иако тие се уште се опција за разлика од „Ватсап“(WhatsApp), кој има стандардно шифрирање „end-to-end” за сите повици.

Ова е важна разлика, бидејќи во „Фејсбук месинџер“, корисникот треба посебно да оди во менито и да отвори посебен шифриран разговор  „end-to-end”.

Сепак, шифрирањето сега не е ограничено на разговори „еден на еден“, туку можни се групни шифрирани разговори и повици, и гласовни и видео повици. Така, сега е можно да се поврзете со пријателите и семејството на приватен и безбеден начин.

За пораки што се бришат самостојно и шифрирани разговори „end-to-end”, корисникот ќе добие и известување кога некој ќе создаде слика од екранот. За овие разговори сега се достапни GIF-датотеки и налепници, како и реакции, одговори и индикатори за пишување.

Шифрираните повици  „end-to-end” ќе прикажуваат значки за потврдени сметки, а корисникот ќе може да го зачува секое видео или фотографија што ќе ја прими со долго притискање, како и да го обработи видеото или фотографијата пред да ги испрати.

Што точно е шифрирање  „end-to-end”?

Енкрипција  „end-to-end” (E2EE) е комуникациски тек кој им овозможува на две страни да разменуваат пораки и податоци, така што никој освен тие две страни не може да ги чита тие пораки и податоци, дури ни серверот преку кој двете страни ги разменуваат.

Живееме во време кога потребата за приватност на податоците се повеќе се зголемува. Само во последните неколку години бевме сведоци на неколку големи скандали со нарушување на приватноста преку следење и прислушување на електронските комуникации, иако тоа не значи дека сега сме целосно безбедни на интернет, тоа секако е чекор во вистинската насока. А.Н.