Бројот на дијагностицирани очекувано е во пораст, сите дијагностицирани досега се во корелација со познати случаи. До денес напладне се потврдени уште 9 нови случаи, со тоа бројот на вклупно дијагностицирани ссо коронавирусот е 85 лица во земјава, соопшти на редовната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој соопшти дека од денес за новозаболените пациенти ќе се известува еднаш, во 12 часот за тестираните од претходните 24 часа, со оглед дека треба да се врши анкетирање и евентуално тестирање на сите контакти, процедура која бара време.

Билансот дневно ќе се базира на тестирањата во лабораторијата од ИЈЗ кој ја дигитализираше базата и ќе добива податоци и од тестирањата во „Жан Митрев“, соопшти министерот за здравство Филипче.

Потврдените случаи на досега заразените од коронавирусот се во 6 града: Скопје, Дебар, Штип, Гостивар, Кавадарци и Охрид.

-Што се однесува до состојбата на пациентите на Инфективната клиника во Скопје, истата не е променета. Тоа значи дека најтешка е состојбата на пациентката која е веќе на респиратор, тројва пациенти се со потешка форма на пневмонија, а останатите имаат полесна клиничка слика. Пациентите кои се на домашно лекување се во постојана комуникација со инфектолози со лесна клиничка слика и лекувањето може да се спроведе во домашни услов.  Стабилна и лесна клиничка слика имаат и сите пациенти во Дебар – соопшти Филипче.

Тој информираше дека здравствени работници се целосно мобилизирани, се прави ротација на здравствениот кадар, а од денес е во функција и колцентарот во Здравствен дом Скопје за да се зголеми капацитетот на телефонските линии, додека од понеделник ќе профункционираат и 2 пункта за земање брисеви и материјали во поликлиниките Чаир и Јане Сандански, во кои матичните лекари ќе се вклучат за закажување преку Мој термин.

-Денеска заврши и јавната набавка, но иако постигнавме добра цена 16000 евра, ниту еден од добавувачите не можеше да ја изврши доставата веднаш, поради што набавката ќе се поништи и владата ќе ја повтори постапката – соопшти Филипче.

Како што соопшти министерот Филипче со цел граѓаните да гипочитуваат повеќе веќе воведените мерки во борба со епидемијата, Комисијата за заразни болести изготвила и денеска во 18 часот ќе се дискутираат дополнителните мерки за превенција за кои ќе се извести јавноста.  А.Р.