Mинистерот за здравство, Венко Филипче денеска изјави дека сѐ уште е рано да се размислува за отворање на аеродромите, а WIZZ AIR ги најави своите први летови за 17 мај. На нивната страна има можност да се купат билет за 17 мај и тоа за Нинберг, Бремен, Ларнака, Лондон и Стокхолм.

И додека минситерот за здравство е загрижен доколку дојде до отворање на аеродромите, од скопскиот аеродром не сакаат да потврдат дали на 17ти ќе ги отворат вратите.  Како што дознава ТЕХТ.МК на вработените им било јавено дека стартуваат со работа на 17 мај.

Како што кажа минситерот Комисијата за заразни болести размислува за воведување имунолошки пасош за граѓаните кои сакаат да патуваат, како и за странците што ќе пристигнат, исто како што најавуваат и другите држави, а се чини дека ова ќе важи за сите земји на ЕУ.

Министерството за транспорт и врски неодамна апелираше граѓаните да не купуваат авионски билети, затоа што уште е рано да се планираат патувања.

Н.Д.