четврток, април 25, 2024
домаЖивотЗдравјеФилипче: Две дополнителни лаборатории за тестирање на коронавирусот, ВоДебар скрининг на 20-30...

Филипче: Две дополнителни лаборатории за тестирање на коронавирусот, ВоДебар скрининг на 20-30 отсто од населението

Уште две лаборатории за спроведување на тестови за корона вирусот ќе се стават во функција во текот на неделата, една е лабораторијата на Институтот за судска медицина, а другата во МАНУ, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Филипче додаде дека со ова капацитетот за тестирање ќе се зголеми за 50 до 100 тестови и ќе се елиминира долгото чекање на резултати, што се случува некогаш поради големиот број на брисеви во ИЈЗ.

– Добивме донација од 20.000 тестови за дијагностика на антитела, а во Дебар нема ново дијагностицирани пациенти, сите пациенти речиси закрепнуваат, ги чекаме вторите тестови за да видиме дали се негативни, ќе направиме скрининг од 20 до 30 отсто од вкупното население, во регионите во кои имаше реструкции на движењето, со што сакаме да го процениме имунитет за тоа што би можеле да очекуваме на ниво на цела држава – соопшти Филипче.

Тој додаде дека ќе се направи распоред за делење на 1 милион маски донација од Чешка во сите установи согласно потребата и нивното трошење, се чека и помош од САД во заштитна опрема, која ќе биде соодветно дистрибуирана или ќе бидат надополнети резервите во Министерството за здравство.

Во однос на состојбата со вирусот во изминатите 24 часа, Филипче информираше дека четворицата починати пациенти биле со тешка клиничка слика. Тој посочи дека на Инфективната клиника во Скопје денеска се примени тројца нови пациенти заразени од КОВИД-19 со што сега се вкупно 68, од кои 8 на механичка вентилација. Во болницата „8 Септември“ има 31 пациент, а од нив на респиратор се шестмина. Во Битола има 5 пациенти во стабилна здравствена состојба, а во Штип вкупно 9 пациенти. Се доопремува мобилната болница и од следната недела  капацитетот на Инфективната клиника ќе се зголеми за 100 кревети.

Министерот Филипче на прашањата за тоа дали ќе има затворање на одредени општини како превенција од ширење на коронавирусот во текот на празниците кои следат, велгиденските, мајските и рамазанските празници, посочи дека најдобра превенција е почитувањето на мерките за ограничување на движењето, а како дополнителна рестриктивна мерка најави дека ќе се разгледува должината на полицискиот час во празничниот викенд за Велигден да трае од петок од 16 часот до вторник до 5 часот. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ