Денешната бројка на заболени со коронавирус во земјата до 12 часот е 35. Утрово на коронавирус се позитивни 4 лица од Скопје, соопшти министерот за здравство Венко Филипче и додаде дека сите дијагностицирани се со лесна клиничка слика, а дека состојбата на сите пациенти е стабилна.

-Во овој момент ес прават анализи на уште 30 лица, едно од Куманово, две од Скопје и останаите 17 ес граѓанин на Дебар и околината по проширување на скринингот, индикацијата на тест. Тој тест добро се спроведува, имавме комуникација и со нашиот инфектолог од Скопје и локалнитете инфектолози и епидемиологот и имаат направено една шема, алгоритам по која постапуваат – објасни Филипче.

Филипче информира и дека се негативни резулататите на сите 12 патници кои беа тестирани, па сите патници кои пристигнаа доцна синоќа на скопскиот аеродром со авион од Брисел се пуштени на домашна изолација. Десет лица кои вчера стигнаа преку Деве Баир и беа прегледани од епидемиолог, беа привремено сместени во Пепелиште денеска ќе бидат преместени во објектот одреден за групна изолација во Демир Капија, соопшти министерот  изразувајќи жалење за лошите услови, но се надева дека ќе разберат дека се работи за вонредни услови и дека ќе се придржуваат до советите на лекарите. Лицата заглавени на повеќе гранични премини ќе бидат примени и ќе се интервенира соодветно, вклучително и за сите авиони кои доаѓаат денеска.

Залихите на крв и крвни деривати се сосема доволни, но дека се одложени хронични интервенции за да се превенира недостаток зашто се намалени крводарителски акции, а се извршуваат само итни интервенции.

-Денес на влада беше даден предлог до собранието, односно претседателот на РСМ за прогласување вонредна состојба. Ние во здравствениот сектор функиониравме во една вонредна состојба – соопшти Филипче, но дека верува оти оваа вонредна состојба ќе помогне за спроведување и евентуално заострување на веќе воведените мерки.

Како што појасни Филипче, здравствениот сектор фунционира во услови на вонредна состојба од крај на јануари, но сега се изнудува потреба да се прогласи вонредна состојба од страна на државата што ќе овозможи на владата и други сектори да се престројат и да се преземат и други мерки освен овие кои веќе се спроведувааат во финансискиот сектор итн.

Филипче сподели и искуства од стручните научни трудови за индикации, откривање на болеста, а во насока откривање на нови случаи, искуствата во публикации од Кина,  а заклучокот во еден труд за тоа како почна епидемијата во Италија е за кратко време да се наполнат одделенија за интензивна нега. Во Италија на крај на јануари бил примен еден пациент, а следниот ден 36 нови пациенти кои не биле во директна епидемиолошка врска со него.

-Сметам дека раното откривање, срининзи по епидемиолошки иникации, како што почнавме во Дебар и регион на Струга заради интензивна комуникација со лица од зона на Дебар, а се планира и за делови од Скопје, е добро со цел да не го преоптеретат здравствениот систем и понатаму да има компликации во лекувањето – посочи министерот за здравство.

То уште еднаш апелира да се следат препораките за седење дома, одржување дистанца, миење раце, а додаде  дека има доволна количина на тестови, иако е направена набавка на 1000, и ќе има уште една набавка од 1000, но може да сметаме на 1000 тестови неделно според најавите од СЗО. А.Р.