До Владата утре ќе биде доставен предлогот на Кризниот штаб за измени во Законот за здравствена заштита, со која на приватните болници ќе им се ограничи висината на цените за лекување на пациенти заразени со Ковид-19, за време на кризна или вонредна состојба, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Како што посочи Филипче, одлуката е донесена по апелот на граѓаните во врска со цените во приватните болници кои достигнуваат до неколку илјади евра, а кои како што посочи пред неколку дена на прашањата на медиумите, државата нема механизам со кој би им наложила да ги намалат цените.

Инаку, минатата недела по средбата со директорите на три приватни клиники, Филипче соопшти дека само од клиниката „Жан Митрев“се согласила да ги намали цените за лекување, од 12.000 на 6.000 евра.

На денешната прес-конференција тој посочи дека вакцинацијата во салата „Борис Трајковски“ во Скопје тече според предвидениот план, и покрај новинарите кои се вакцинираа денеска,  вакцинирањето на луѓето од критичната инфрастуктура завршува со вработените во Собранието и пратениците, а од среда со преостанатите дози од руската вакцина „Спутник“ продолжува вакцинацијата по старосните групи.

Како што најави министерот Филипче, денеска треба да пристигнат 2.000 кинески вакцини против Ковид-19, донација од Обединетите Арапски Емирати. А.Р.

Во меѓувреме, но и вакцинацијата на лица над 60 години со вакцината на „АстраЗенека“.