Добро е што е линеарно растење на случаи  не е експоненцијално, приближно ист број секој ден, но ние сме спремни да прифатиме и да третираме пациенти дури и да има раст, позитивно е што голем број од пациентите имаат лесна клиничка слика, а има и излекувани. До вчера се направени вкупно 1800 тестови во цела држава, а терапијата е веќе аплицирана кај пациенти кај кои е индицирана согласно анализите од нивното ЕКГ, соопшти на министерот Венко ФИлипче на денешната прес конференција во врска со состојбата со КОВИД-19 во земјава.

-Сведоци сме дека се јавуваат голем број луѓе кај матичните лекари, откако се реши проблемот со кол центарот, а од следна недела за побрзо да се пристапи до лицата кои имаат потреба ќе бидат во функција и мобилни тимови, но ќесе применува алгоритам по итност кој важи во закажување кај матичните лекари. Се надевам дека системот на мобилни возила кои може да дојдат до домот на пациентите, ќе го подобри пристапот за тестирање – речеФилипче ,и додаде дека истиот систем на мобилни тимови преку здравствени домови може да се спроведе во сите градови, но ќе почне во Скопје, за да се олесни начинот на тестирање, самоизолацијата да биде олеснета, но ако некој има симптоми може да се јави во било кое време кај матичниот лекар и да се закаже тестирање.

Сите граѓани кои се во карантин по истек на 14 дена, ќе имаат уште 14 дена самоизолација, а не тестирање, што важи и за останатите кои се во самоизолација, не треба да одат приватно да се тестираат, туку да се јават на епидемиолог, тој ќе одлучи што понатаму, тоа е заклучок на комисијата за заразни болести.

Сите кои се дијагностицирани ќе добијат терапија но не во домашни услови, туку се прави систем за пренос до болница, во Дебар има доволно капацитети па се врши болничко лекување, рече Филипче.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (11), Прилеп (4), Куманово (2), Тетово (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 219 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во Скопје (134), Дебар (43), Куманово (17), Штип (8), Прилеп (6), Охрид (3), Велес (3), Кавадарци (2), Тетово (2) и Гостивар (1).

На клиниката за инфективни се хоспитализирани 41 пациенти, 7 во потешка здравствена состојба, но немаат потреба од респиратор, 27 средно тешки и 7 со поблаги симптоми, стабилна е состојбата на пациентите во Штип. Од заводот за рехабилитаација каде имаше заболен пациент од Дебар, уште траат испитувањата на брисеви земени од 18 вработени, потоа ќе се напраави план за работа на заводот, извести мминистерот Филипче.

-На Клиника на кардиологија  член на резервен тим пријавил симптоми, по што тестовите се покажале позитивни. Тој бил во делот на ангио-салата каде што нема лежечки пациенти, туку доаѓаат за интервенција, а лекарите во тој дел од контактот се целосно заштитени.Ќе се испита дали свесно со температура одел на работа и ќе биде соодветно санкциониран – соопшти министерот за здравство Филипче, додавајќи дека засега нема промени во работата на оваа клиника.

Во Струга и струшки регион беше посветено посебно внимание минатата недела поради интензивната комуникација со Дебар и регионот, и не се дијагностицирани сомнителни случаи, рече тој и додаде дека Трансфузиологија не фунционира во охрид, а сите кои биле во контакт со вработените таму се епидемиолошки анкетирани, и ќе бидат тестирани по 14 дена, за што точни податоци ќе имаме тогаш.

Сосема добро стручно се справуваат колегите во сите јавно здравствени институции додаде тој и соопшти дека Клиниката за инфективни болести која има капацитет од 110 кревети, ќе го надополни капацитетот со 130 кревети од мобилната болница која ја користи Армијата, и со посебен коридор за да има безбедна ротација на тимови, соодветни тушеви, секако и персонал.

Тој додаде дека се обезбедени заштитни маски за матичните лекари, 3000 вчера и 3000 денес, платнени и хируршки, и ќе се поделат нна матичните лекари во следниов период, а во врска со цените на тестовите, појасни дека се купуваат по регуларна пазарна цена,  додека цената  од 5000 денари не е цена по која се набавуваат туку цена за целиот процес на тестирање во кој се вклучени и услугите на вработените, нивни плати и слично, тоа ИЈЗ го наплаќа од фондот – работите така се поставени многу одамна и така ФЗО ги наплаќа кон здравствени установи. Од друга страна услугите од ИЈЗ и ЦЈЗ до граѓаните се бесплатни, појасни министерот Филипче.

Тој објасни дека бројот на заболени здравствени работници не е од несоодветен пристап, дел биле во контакти со болни, а ќе се види дали на кардиологија вработениот свесно одел на работа со температура, но на клиника за инфективни каде директно работат со болните нема заболени. Бројот на дијагностицираани лекарски работници до вчера беше 17, добар дел не биле свесни дека биле во контакт со заболен – Куманово каде имаше негативен тест, Кавадарци…не е дека не се почитуваат протоколите, посочи Филипче, додавајќи и дека на кардиологија е извршена и ротација со друг тим кој воопшто не бил во контакт за да се избегнат вакви сценарија.

Тој појасни дека за лицата кои треба да земат од матичен лекар рецепти, се поедностави процедурата со хронични рецепти, тие не одат на специјалист туку директно во аптека, а прифатена е мерка да се прави тоа телефонски, но во следната недела доколку има мерки од интерес на граѓаните ќе бидат дополнително наведени. А.Р.