четврток, април 25, 2024
домаЖивотЗдравјеФилипче: Тројца новозаразени, вкупната бројка на заболени од коронавирус порасна на 70,...

Филипче: Тројца новозаразени, вкупната бројка на заболени од коронавирус порасна на 70, предлог до Влада за заострување на мерките

Регистрирани се тројца новозаразени од коронавирусот со што бројот на заразени во земјава порасна на 70, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција во Владата.

-Денеска се направени вкупно 43 тестирања, од кои позитивни се три, и сега вкупниот број на дијагностицирани се 70. Една пациентка која патувала во Србија, бабата на девојчето во Штип има позитивен тест, и уште еден пациент од Скопје. Градови во кои има пациенти со коронавирус се Дебар, Скопје, Гостивар, Штип и Охрид. СЗО посочи на брзо ширење на болеста во светот. Бројката на заболени лица во овие 12 дена се зголеми на 100.000 сега е близу 250.000 лица. Беа потребни 3 месеци да се достигнат првите 100.000, а само дванаесет дена 250.000. Сите овие работи ги дискутиравме на утринскиот состонок со Комисијата за заразни болести, рече Филипче.

Сите пациенти се со релативно стабилна лесна до средна клиничка слика, но Пациентката од Дебар која е на респораторна машина за жал бележи влошување на состојбата, се прават сите напори за превенирање на влошување на состојбата, соопшти Филипче.

Направена е домашна визита кај скоро сите пациенти коишто се на домашно лекување. Има пациенти коишто избираат да се лекуваат дома и да не бидат хоспитализирани.

Засега сите информации за пренос на болеста локално, нема автохтоно жариште, туку сите заразени биле во контакт со заболен или преносител на болеста кој немал симптоми, објасни Филипче.

-Затворање на граници за наши граѓани е противуставно и ниту една држава не го направи тоа, нема да го направиме ни ние – истакна министерот Филипче, додавајќи дека стравот е реален, но треба да сме свесни дека самоизолацијата е начинот да се стави крај на инфекцијата.

Нема простор за политички поени, секој од нас треба да придонесе да ссе надмине оваа кризна ситуација, светска здравствена криза, посочи Филипче и најави дека на дискусијата во Владата ќе предложи заострување на мерките бидејќи е очигледно дека не се почитуваат.

Тој потенцираше дека има сосем доволен број на респираторни машини за овие пациенти и за проекциите, но се подготвуваме и за полоши сценарија, со спремени капацитети, а се очекува и пратката од нарачани респиратори.

-Нашата земја располага со 120, а се претпоставува дека на 1.000 пациенти ќе има 50 на респираторна машина. Набавката е во тек, проблемот е што машините се запрени во Бразил со одлука на нивната влада. И Кина резервира 200 респираторни машини за Македонија. И во овој момент располагаме со голем број на респираторни машини. Во нашата земја вкупно се направени 888 трестови. Во овој момент лабораторијата располага со 140 диополнителни. Ќе бидат набавени 1000 и ќе имаме донација од 1000 – изјави министерот за здравство ФИлипче.

Филипче соопшти дека од понеделник ќе има два пункта во Скопје за тестирање, а ќе се закажува телефонски. Во даден момент во изминавите два дена голем број на јавувања имаше, особено во Скопје, беше потребно време да се изготви кол центаар со значаен капацитет ќе почен да функционира од утре, денеска во текот на денот ќе бидат исконтактирани сите во домашна изолација кои не се посетени, соопшти тој. А.Р.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ