четврток, април 25, 2024
домаФилмот „Уште една тура“ е апсолутен победник на Европските филмски награди

Филмот „Уште една тура“ е апсолутен победник на Европските филмски награди

Филмот на Томас Винтерберг „Уште една тура“ е апсолутен победник на 33. Европски филмски награди. Овој престижен филмски настан се одржа како серијал на секојдневни мини настани преку интернет. Наградите им беа доделувани на најдобрите секоја вечер, а големото финале се одржа во саботата навечер.

Наградата за најдобар европски филм ја освои „Уште една тура“, додека авторот на овој филм, Томас Винтерберг, беше прогласен за најдобар европски режисер.

Пола Бир е прогласена за најдобра европска актерка за улогата во филмот „Ундине“. Наградата за најдобар европски актер ја доби Мадс Микелсен за „ Уште една тура“.

Наградата ЕФА за најдобар документарен филм беше доделена на филмот „Колектив“ на романскиот режисер Александар Нанау.

Беа доделени и наградите во следните категории: наградата за најдобра комедија ја доби филмот „ The Big Hit – Un Triomphe“, за најдобар анимиран филм беше прогласен „Јосеп“, а филмот „Сите мачки се сиви во темница“ е прогласен за европски краток филм на годината.

Наградата за најдобри визуелни ефекти ја доби филмот „Платформата“, додека филмот „Мало девојче“ ја освои наградата ЕФА за најдобар звук.

Европската филмска академија е основана во 1988 година и денес обединува над 3.800 европски филмски професионалци со заедничка цел да ја промовираат европската филмска култура. Годинешното прогласување на наградите, поради епидемијата на КОВИД-19, беше реализирано преку Интернет во Берлин, а следното доделување на наградите ќе биде во Рејкјавик, Исланд во 2022 година каде што требаше да се одржи годинава. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ