Филмскиот фестивал за деца и млади „Џифони Македонија“ продолжува со својата мисија за ширење на филмската писменост и култура за младите низ помалите градови во нашата земја. На 14 и 15 ноември под името „Џифони патува“фестивалот ќе се одржи во Центарот за култура и Europe House во Крива Паланка и на него ќе учествуваат учениците од гимназијата.
Крива Паланка е дваесет и третата општина каде под името „Џифони патува“ се одржува овој подвижен фестивал кој го влијае на неформалното.
Филмската програма е намената за учениците од градот и предвидува дводневни активности со прикажување европски филмови наменети за младата публика, кои опфаќаат теми што ја засегаат младата генерација. Филмските проекции ќе бидат проследени со дискусии, а потоа на една од трите понудени креативни работилници, младите ќе ја поттикнуваат својата креативност и ќе се забавуваат.
Проектот „Џифони патува“ (Giffoni on Tour) е поддржан од Агенцијата за филм на РСМ, Делегацијата на ЕУ во Скопје и општина Крива Паланка, а се остварува во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје и италијанскиот партнер „Џифони експириенс“.