Во рамките на Фестивалот на грчки филм и култура концерт ќе одржи еден од најпознатите грчки музички бендови во последните години. Станува збор за бендот на Фоивос Деливоријас, кој ќе настапи на 25 октомври во клуб ресторанот МКЦ. Тие имаат специјален репертоар за оваа прилика и ќе свират филмска музика од познати грчки филмови. Оваа мошне посебна колекција од репрезентативна грчка музика е всушност придонесот на грчкиот текстописец за грчкиот филмски фестивал и култура 2019 во Скопје.
Деворијас пред доаѓањето во Скопје одговори неколку прашања.
За прв пат доаѓате во Скопје. Како го доживувате доаѓањето во нашата земја?
-Со нетрпение го очекувам настапот. По сите тие години на политички превирања, имаме шанса да се запознаеме, како луѓе, како културни ентитети. Знам дека некои политичари – од мојата земја и од вашата земја, исто така, се потпираат на нашите разлики, од нашите причини да се конфронтираме. Јас, како и сите уметници, барам комуникација помеѓу многу различен вид на луѓе. Ми се допаѓаат конфронтациите, но на еден сосема друг начин: Сакам да ја доведам кај вас нашата убавина и да се соочам со вашата. Сакам да научам, да бидам под ваше влијание, додека сум јас. Тоа е мојот политички став, ако може така да се рече.
Кажете ни каков репертоар ќе и презентирате на публиката?
-Избрав 15 песни и инструменти што некако му покажуваат на човек кој не знае за грчката кинематографија и нејзината историја, нејзините опсесии, нејзиниот шарм. Песни од Хаџидакис и Теодоракис, од стари грчки популарни мјузикли, или песни од филмовите Ангелопулос и Лантимос.