четврток, април 25, 2024
домаКујнаФолклорен концерт и филмска проекција на Скопско лето

Фолклорен концерт и филмска проекција на Скопско лето

Вокално-инструментален концерт на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“, ќе се случи вечерва, 19.07, со почеток во 20:30 часот, на Плоштад „Карпошово востание“.
Доколку врне, концертот во никој случај нема да се откаже, туку ќе се префрли во Музеј на македонската борба за државност и самостојност.
Исто така вечерва, 19.07, ќе има проекција на филмот „Телма“, со почеток во 21 часот, на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан.  Филмот кој е фантастична мистерија од 2017 година на режисерот Жоаким Трир е добитник на бројни награди: најдобар странски филм по избор на критичарите на Денвер,  на Хјустон, на Сан Диего и на Јута, награда на Норвешката филмска критика, номинација за најдобар филм на Загрепскиот филмски фестивал…
Во петок, 20.07, ќе се одржи изложба „Играчки и роботи во книгите на уметниците пергамент концентрина“ – Србија, со почеток во 20:30 часот, во НЛБ Галерија. Изложбата е во соработка со ДЛУМ.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ