Точно на пладне беше потпишан Договорот за предизборна коалиција на СДСМ со Движењето Беса.

Како победничка коалиција нема да дозволиме да бидеме уценувани и нема да прифаќаме непринципиелни преговарања и договарања, рече денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев по потпишувањето на договорот со Движењето Беса.

На потпишувањето на договорот за предизборна коалиција со СДСМ, лидерот на Движењето Беса, Билал Касами гледа како на историски чин и ги повика гласачите да ја поддржат коалицијата којашто ќе овозможи членство во ЕУ и НАТО алијансата.

„Ова е историски ден. Очекувам албанските гласачи да ја искористат оваа историска можност да станат членови на владејачката коалиција. Оваа коалиција е продолжение на возот за НАТО и членството во Европската унија“, рече Билал Касами, шеф на движењето БЕСА.

А.Н.