Во рамките на кампањата „Фраерски е да се чита“, денеска со почеток од 12:30 часот во Книжарницата ТРИ во ГТЦ, ќе се одржи дружба на млади читатели со Билјана Црвенковска, писателка на литература за деца. Младите вљубеници во книгата ќе имаат можност да поразговараат со неа на различни теми, да поставуваат прашања и да разменат идеи откривајќи го магичниот свет на книжевноста.

Издавачки центар ТРИ минатата недела ја започна акцијата „Фраерски е да се чита – недела на кул книги во ТРИ“. Целта на кампањата е да се приближи помладата читателска публика до книжевноста и да се поттикне читањето.Нејзина цел е приближување на книжевноста до помладата читателска публика и поттикнување на читањето.

Во рамките на оваа акција во книжарниците ТРИ ве очекуваат и многу книги наменети за младите по намалени цени. Како што велат од Издавачки центар ТРИ, со оваа кампања се инвестира во нешто што е општо добро за сите. Тие се надеваат дека преку ваквите настани ќе може да се допре не само до младите подигнувајќи ја нивната читателска свест, туку и до сите кои директно влијаат врз нив – а особено до наставниците, родителите и медиумите.