Корисничка на домот за пензионери на француските Алпи, Леа Лави, која го прослави својот 105-ти роденден на 10 декември, прележа поблага форма на ковид-19 оваа есен, рече директорот на институцијата во вторникот, потврдувајќи ја веста објавена во локалниот весник „Le Dauphiné Libéré“.

„Ние го прославивме нејзиниот роденден соодветно и во согласност со околностите во друштво на нејзината ќерка“, изјави за АФП Стефан Ришар, директор на пензионерскиот дом „Фондација ду Пармелан“ во Анеси.

“Претседателот на управата на домот „Фондација ду Пармелан“ на нашата корисничка, заедно со нејзината ќерка и неколку негуватели, и врачи букет цвеќе. Сите имавме заштитни маски и немаше колачи, во согласност со ограничувачките мерки”, рече тој.

„Морам да признаам дека малку се исплашив кога се разболев“, изјави Леа Лави за еден локален весник, додавајќи дека неодамна била во еден дом во Анеси.

Имено, вториот бран на ковид-19 го погоди пензионерскиот дом во кој живее Леа последните неколку месеци.

„109 од 185 наши корисници, или скоро 60 проценти, се разболеа, а дури 33 за жал починаа како резултат на болеста“, рече Стефан Ришар. А.Р.