Со пролонгирање на животниот век, многу земји се борат со недостаток на расположлив доход за пензиски исплати, така што проблемите со пензиските реформи постојано се враќаат во тековната агенда на политиката на државите.
Овие дебати вклучуваат законско време за пензионирање и очекуван животен век, затоа што тие проценуваат колку би можеле да поминат граѓаните на една држава во пензија. Најновите расположиви податоци на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) покажуваат дека Французите го поминуваат поголемиот дел од времето за пензија, пренесува Тпортал.

Во просек, француските пензионерки поминуваат 26,9 години, а пензионерите 22,7 години таму, што е највисоко меѓу четириесетте земји под надзор на ОЕЦД. Статистиката на ОЕЦД ги фаворизира оние кои ја опишуваат Јужна Европа како регион со поудобен живот, особено за постарите лица. На Франција и се придружуваат уште 4 држави во кои пенизонерките долго уживаат во пензијата и тоа Шпанија со 26.6 години, Грција (26.4) и Италија (25,7).

Ситуацијата е слична и кај мажите кои имаат помал животен век од жените во сите набљудувани земји. Меѓу медитеранските земји, пензионерите од Луксембург (со очекувано пензиско времетраење од 22,3 години) се најдоа на второто место, а оние од соседна Белгија со 21,1 г. на третото.

За разлика од работниците од споменатите земји, оние од Кореја, Мексико или Чиле не можат да се надеваат на толку долга пензија. Корејските пензионерки, на пример, имаат очекуван пензионерски период од десет и пол години пократок век од нивните француски врсници, а само две, три години подолги денови за пензија можат да се надеваат пензионерките во Мексико и Чиле. Постојат слични разлики меѓу мажите. Мексиканските и корејските пензионери имаат очекуван пензиски век на траење помал од 13 години, со бројки не многу подобри во Чиле, со просек од околу 14,7 години.

Од земјите за кои ОЕЦД одржува статистика, најмала разлика во очекуваното времетраење на пензиите меѓу жените и мажите е во Индонезија (2,2 години), Луксембург (2,7), Шведска и Велика Британија (3.3).

Најголема разлика, сепак, е во Русија, во која пензионерките имаат просечно 7,5 години подолга пензија од пензионерите, а близу е и Литванија и Унгарија, каде разликата е седум години.

Овие бројки се важни за земјите што се обидуваат да воспостават пензиски системи каде за пензионерите ќе биде потребно да ги добијат потребните животни стандарди. Анализата објавена минатата година од Светскиот економски форум предупредува дека јазот во заштедите потребни за исплата на пензиите во само осум најголеми економии (Австралија, Канада, Кина, Индија, Јапонија, Холандија, Велика Британија и САД) во 2015 година беше дури 70 трилиони долари. До 2050 година, тој јаз би можел да се искачи на дури 400 трилиони, доколку не се преземат неопходните мерки во меѓувреме.

Комплексноста на прашањето за пензиските реформи е само деновиве демонстрирана од ситуацијата во Франција, во која претседателот Емануел Макрон доживува многу силен отпор на јавноста во обидот да го прилагоди пензискиот систем таму на нови предизвици. Макрон е само последниот во низата француски претседатели кои се обидоа да го реформираат пензискиот систем .

Кога Ото фон Бизмарк за прв пат воведе државни пензии за стари лица кон крајот на 19 век, просечниот животен век во Прусија беше 45 години. Неговите сегашни политички наследници треба да се справат со проблемите со финансирање на ваквите системи и се забележува дека сè повеќе држави се обидуваат да ја префрлат одговорноста за приходите под стари денови на граѓаните и да ги охрабрат да штедат.

А.Р.