Популарната српска група „Фрајле“ на 31 јули ќе одржи концерт на Античкиот театар во Охрид. Овој ексклузивен концерт на кој ќе ги отпеат нивните најголеми хитови ќе биде прв настап на новосадската група во Македонија, откако бендот стана трио. Имено среде пандемија си замина Марија за да му се посвети на компонирањето.
Девојките, познати по тоа што секогаш прават одлична забава на своите концерти и свирки, и овој пат ќе ги испеат своите авторски песни, но и преработките на најпопуларните ју-хитови, со нивни аранжман.

Организатор на концертот е „Прагма продукција“, а билетите се веќе во продажба преку мрежата https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5412, и во Југотон, Розе Веро 2 и Плоштад Охрид.

Согласно протоколите за одржување на јавни настани кои се одобрени од Министерството за здравство и од Комисијата за заразни болести, за заштита од вирусот Ковид 19 во продажба ќе бидат пуштени само 1000 карти!

Задолжително носење на маска на секој посетител.