Принцот Хари и Меган Маркл имаат намера да формираат добротворна организација за да им помогнат на повредените и на бездомните ветерани. Војводата и војвотката од Сасекс сакаат да им помогнат на поранешните војници, како во Велика Британија, така и во САД.

Според „Дејли меил“, повикувајќи се на „Miror“, војводата и војвотката сакаат да го решат проблемот со бездомништво и тешкотии поврзани со здравствената заштита на поранешните воени лица. Сакаат  направат се што е во нивна моќ да им помогнат на оние што служеле во вооружените сили.

Новото добротворно друштво ќе биде нивно прво вложување откако во јануари објавија дека ги напуштаат кралските должности и заминуваат во Канада, при што судски извори велат дека кралицата „ентузијастички ќе ја поздрави“ иницијативата за помош на воените ветерани.

Хари и Мегано вој понеделник ја извршуваат последната официјална должност пред официјалното повлекување подоцна овој месец. Покрај кралицата Елизабета, принцот Чарлс, Камила, принцот Вилијам и Кејт, тие присуствуваат на годишната миса посветена на основањето на Комонвелтот на народите во Вестминстерската опатија.

Во неделата, тие и се придружија на кралицата во црковна служба во Виндзор – тоа беше прв пат Меган (38) и кралицата (93) да се видат едни со друга од објавувањето на парот на 6 јануари дека се повлекуваат од обврските во кралството.

Хари и Меган во моментов престојуваат во Велика Британија за да извршат серија финални службени должности. Тие го оставиле синот на Арчи дома, во Канада, што според извештаите на медиумите ја „разочарале“ кралицата.

А.Н.