„Авалон Продукција“ навистина се потруди ова лето Охрид да не заостанува во ништо од водечките европски туристички летни центри кога е концертната музичка сезона во прашање и поради тоа, задоволство ни е да ви најавиме дека освен Dimitri Vegas & Like Mike на 01 август и Armin Van Buuren на 04 август, се одлучивме да направиме уште една спектакуларна вечер на која покрај Јax Јones, после него со late night сет ќе настапи и живата легенда на хаус музиката, ROGER SANCHEZ, на 02 август за празникот Илинден, соопштија од продукцијата.

Билетите можете се набават преку „avalon.mk“, продажната мрежа на „Купи Карти За Се“ низ цела Македонија и „Југотон“ по следниве цени: ПАРТЕР – 700 денари, ФАН ПИТ – 1000 денари.

Сите што досега имаат набавено блок влезници за настапите на Dimitri Vegas & Like Mike и Armin Van Buuren, со доплата од само 500 денари ќе може да присуствуваат за сите три дена на Ohrid Calling.