Трипроцентниот хидроген пероксид е одличен за чистење на сите работни површини во кујната, бидејќи ги убива бактериите и не е штетен за здравјето. Но, не е само погоден за во кујна. Со хидрогенот можете да исчистите или дезинфицирате и средствата кои секојдневно ги користите. Натопете ги очилата за сонце или облеката во вода со трипроцентен хидроген или попрскајте ги со течноста. Можете исто така да ја дезинфицирате внатрешноста на фрижидерот, доволно е само да ги избришете сите полици каде што ја држите храната.

Со хидроген пероксид дезинфицирајте ја даската за сечкање. По употреба, исплакнете  ја и испрскајте ја со хидроген.
Добро е повремено да се измие и машината за миење садови и садовите со оваа течност: ставете 60 мл хидроген пероксид заедно со детергентот за машината и ќе добиете чиста и безбедна за употреба машина за миење садови.