Д-р Кемал Рушити, хирург на Клиниката за дигестивна хирургија на својот Фејсбук профил информира дека е позитивен на КОВИД 19 и ги повика сите кои биле во контакт со него да се консултираат со матичниот доктор. Меѓу другот тој побара да биде во нашите молитви.

Д-р Рушити на неговиот профил го напиша следново:

„Почитувани, чувствувам морална и професионална одговорност да ве информирам дека вчера се тестирав на коронавирусот и резултатот е позитивен. Да споделиш своја болест во јавноста е тешко, но драги мои, длабоко сум убеден дека колективното здравје во моментов е поважна од секое индивидуално здравје. Се надевам дека ќе бидам во вашите молитви.

Цело време за време на мојата болничка служба носев маска N95, но ве молам, секој кој бил во контакт со мене, а чувствува потреба за консултација, тоа нека го направи преку матичниот лекар и со епидемиолог преку телефон.“