Холандскиот болнички систем се соочува со зголемени предизвици поради приемот на нови пациенти со Ковид-19 поради рекорден дневен пораст на заболени, а некои пациенти се очекува да бидат испратени во Германија во рок од два дена, соопшти болничкото здружение ЛНАЗ во четвртокот.

Скоро половина од креветите во одделите за интензивна нега во земјата се исполнети од пациенти со Ковид-19, рече шефот на здружението ЛНАЗ, Ернст Кујперс.

„И, секако, не гледаме крај на тоа“, рече тој пред новинарите. „Бројот на заболени во болниците ќе продолжи да расте барем до крајот на овој месец“.

Во четвртокот, дневниот број на новоинфицирани е 9.271, соопшти Националниот институт за јавно здравје (РИВМ).

На 14 октомври, владата воведе делумни мерки за карантин за запирање на ширењето на вирусот, вклучително и затворање на сите кафулиња и ресторани во земјата. А.Н.