MALIBU, CALIFORNIA - JUNE 06: (L-R) Alexandra Grant and Keanu Reeves attends the Saint Laurent Mens Spring Summer 20 Show on June 06, 2019 in Paradise Cove Malibu, California. (Photo by Neilson Barnard/Getty Images)

Еден од најгласните ергени на Холивуд, 55-годишниот актер Киану Ривс, конечно ќе и каже „да“ на својата девојка Александра Грант (46), која врска беше критикувана од јавноста уште кога започна, пишуваат американските медиуми.

Вечниот ерген откри дека има врска со уметничката уште минатиот ноември кога ја однел на настанот LACMA Art + Film во Лос Анџелес. Нивната врска веднаш предизвика многу критики и сите беа насочени кон Александра поради нејзиниот изглед. Поточно, јавноста се забавуваше со нејзиниот изглед, какосивата боја на косата која многумина ја споредуваа со мајка му.

Но, Кеану, кој секогаш ја чувал својата приватност и не е заинтересиран за мислењата на другите, неодамна ја побарал раката на Александра. Таблоидот Women’s Day пренесува дека парот стапил тајно во брак и сега планираат свадба.

Според извештаите, Александра ја споделила добрата вест на една забава во февруари со актерката Гвинет Палтроу, а на која присуствувале и Деми Мур и Кејт Хадсон.

„Алекс им кажа на пријателите дека Киану ја побарал за жена во својот холивудски дом на нејзиниот роденден, откако ја поканил на вечера подготвена од нејзиниот сакан готвач“, изјави извор за Women’s Day. Тој додаде дека Александра првично ја криела веста, но не можела да издржи повеќе.

„Таа гордо им го покажа прстенот на сите“, рече изворот.

Според таблоидот, Кеану и Александра планираат скромна свадба на Хаваите и сакаат да поканат само неколку гости.

Ал.Н.