Според податоците на лондонската консултантска фирма “Најт Франка”, од извештајот за минатата година, Хрватска има 120 супермилионери “тешки” повеќе од 30 милиони долари и 11,900 милионери од “полесна категорија”, пишува риечки „Нови лист“.

Во изминатите 10 години, како што се наведува, бројот на милионери во Хрватска се зголемил за 33 проценти. Ова, велат, е двојно повеќе од зголемувањето на бројот на милионери во Европа, каде што растот е 17 отсто, додека е значително побавен од светскиот просек, кој бележа раст од 42 проценти. Меѓу 120 супермилионери има 11кои имаат нето имот поголем од 100 милиони долари, е последната проценка на “Најт Франка”.

Во категоријата на милионери од “полесна категоријата” се вклучени оние чиј имот е над еден милион долари, или шест милиони куни. Весникот забележува дека се работи за милионери кои својот имот го пријавиле во Хрватска.