Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 2.900 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во таа земја денес е вкупно 21.250. Меѓу нив, 2.351 пациент е во болница, од кои 245 се на апарати за дишење. Починаа 75 лица.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 131.342 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 1.861 починале, а вкупно се опоравиле 108.231 лице, од кои 3.032 во последните 24 часа. Во моментов има 46.830 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 759.014 лица, од кои 9.668 во последните 24 часа. А.Н.