Граѓанската иницијатива на хронично болни граѓани на РСМaкедонија во петокот на 18.09.2020 поднесе претставка до Народниот Правобранител со молба истиот да ја разгледа одлуката донесена од страна на Владата за враќање на хронично болните на работа од 23.09.2020 со единствена цел дека на тој начин, на хроничните болни им е загрозено правото загарантирано со Устав, а тоа е правото на живот.

Во претставката меѓу другото пишува : „Поради нашата изложеност на ризик од зараза со Ковид 19 и покрај сите протоколи и мерки, нашите организми се со намален имунитет и тешко се изборуваат, а најчесто ваквите заболени завршуваат за жал фатално, по сите бројки и статистики.“

Од организацијата информираат дека истиот ден званично преку електронска пошта побарале средба со премиерот Зоран Заев на која, сакаат да му ги образложат сите проблеми со што се соочуваат, како и да му ј апокажат петицијата на која се уште се потпишуваат, а со цел да предложат решенија во интерес на сите.

Бидејки имаат само уште два дена до предвиденото враќање на работа, се надеваат на брз одговор.

На крај од писмото се вели:

„Ние сме луѓе кои се болни и не можат да одат пред Собрание и да протестираат, но ако на овој начин не постигнеме ништо ќе бидеме принудени да ги повикаме членовите на нашите семејства, нашите подржувачи и другите граѓански организации и здруженија да ни се приклучат и да протестираат пред влада во наше име. Многу ви благодариме и се надеваме дека вие како медиум ќе ни помогнете во нашата борба. Граѓанска иницијатива на хронично болни граѓани на РСМакедонија.

Н.Д.