четврток, април 25, 2024
домаЖивотЦаровска информира дека екскурзии нема, а и можност наставниците да предаваат онлајн...

Царовска информира дека екскурзии нема, а и можност наставниците да предаваат онлајн од дома

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска информира дека оваа учебна година нема да бидат организирани екскурзии за учениците, туку ќе може да одат само на прошетка заедно со наставниците во радиус од 5 км.

Во однос на тоа што се случувало минатата година, и зошто агенциите не ги вратиле уплатените пари за екскурзиите, Царовска посочи дека Министерството за економија имало препораки да се дадат ваучери кои ќе може да се користат во наредниот период, додавајќи дека тоа сигурно се случило.

Царовска денеска најави дека има можност наставниците кои држат онлајн настава во училниците, наставата да продолжат да ја спроведуваат од дома, поради тоа што, како што посочи, нема потреба од непотребни трошоци за електрична енергија.

„Но, тоа го носиме заеднички со градоначалниците, заради тоа што имаме наставници кои одат со физичко присуство, заради тоа што комисијата тоа го дозволила, и ќе оставиме на ниво на колектив, на кој начин понатаму, согласно грејната сезона ќе се одвива наставата во училиштата, и мислам дека тоа ќе биде најправедниот модел, но кој ќе го донесеме, ќе биде известена и јавноста“, изјави Царовска.

„Разговараме дека со рационализација на средства, можеме да постигнеме повеќе инвестиции во инфраструктура, во ИТ опрема, наместо да ги расфрламе финансиските средства само за загревање на цела училница за еден наставник, но тоа се процеси на дискутирање“, додаде таа.

Со физичко присуство, наставата ја следат учениците од прво до трето одделение, како и ученици во училишта за кои владина комисија даде „зелено светло“ дека има услови за одржување на ваков тип настава. Сите останати, наставата ја следат онлајн, преку Националната платформа за онлајн учење.

А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ