Целосна забрана на предмети за еднократна употреба како стапчиња за уши и пластични прибор за јадење и сламки за пиење кои го создаваат поголемиот дел од отпадот во европските мориња, беше изгласана во Европскиот парламент. Европратениците во средата на пленарна седница ја усвоија Директивата на Европскиот парламент и на Советот за намалување на влијанието на пластични производи врз животната средина.

Како што пренесува „Спреќни потрошувачи, задоволни производители“, покрај на стапчињата за уши, пратениците се залагаат за целосна забрана и на пластичен прибор за јадење, сламки, стапчиња за  балони, односно забрана на пластични елементи, за кои на пазарот се достапни алтернативи.

“Пластиката го промени нашето однесување. За помалку од 60 години, имаме произведено 80 милијарди тони пластика со која ги загадивме океаните. Ние сакаме да го донесеме овој закон, за подобра иднина, животна средина и на граѓаните на Европа, кои се подготвени да дејствуваат поинаку”, рече известувачот Фредерик Рие (АЛД , Белгија) за време на расправата.

Во листата на десет најчести предмети пронајдени на бреговите, освен горенаведените, се пластични шишиња, догорчиња од цигари, пластични кеси и покривки, пластични чаши, менструални производи.

Во случај на производи од пластика за кои не постојат алтернативи, земјите-членки до 2050 година треба да ја ограничат нивната употреба со намалување на трошокот на национално ниво и да воведат обврска за производителите поврзани со управувањето со отпадот.

Државите членки, исто така ќе треба да го организираат собирањето на 90 проценти на пластични шишиња за пијалоци за еднократна употреба , на пример, преку програма на обратна наплата.

Научниците проценуваат дека секоја година во морињата и океаните завршува околу 12,7 милиони тони пластика и дека нејзиното присуство загрозува до 700 животински видови.

“Ако ние не  направиме нешто, до 2050 година, морињата ќе имаат повеќе пластика од риби”, вели член на европски конзервативци и реформисти (ECR), Марко Демесмакер за време на дебатата во понеделникот.

Пластичен отпад во морињата, предизвикува загуби до 259 милиони евра во туристичкиот сектор и 695 милиони во рибарството, и претставува опасност за здравјето на луѓето преку синџирот на исхрана. Имено, пластиката изнесува околу 86 проценти од отпадот во светските мориња.

Научниците, исто така, тврдат дека за намалување на СО2, гас одговорен за глобалното затоплување, ние не треба да го игнорираме фактот дека рециклирањето на еден милион тони пластика е еднакво на отстранување еден милион автомобили од патот. Се проценува дека околу 400 милиони тони СО2 годишно се произведуваат на глобално ниво со производство на пластика и согорување на пластичен отпад.