Андреа Бочели, познатиот италијански тенор, пред неколку дена најави дека на католички Велигден ќе запее во празната Миланска катедрала.

На овој христијански празник, Бочели сакаше да пее за светот погоден од пандемијата, и за „своите Италијанци“ кои водат ужасна битка.

Затоа, тој реши да настапи на овој несекојдневен концерт кој го нарече „Музика на надеж“.

Бочели во катедралата е придружуван од Емануел Вијанели на оргуљи. А.Р.