Црна Гора, како една од  морските дестинациии за нас, најавува дека туристичката сезона ќе почне на 18 мај, но под посебни услови. Предраг Јелушиќ, директорот на ЈП „Морски имот“, во интервју за српската ТВ Прва говореше кога ќе започне сезоната и како таа изгледа.

Обично сезоната за капење на црногорскиот брег започнува на 1 мај годинава, но годинава тоа ќе биде на 18 мај. Јелушиќ објаснува дали се исполнети сите услови за тоа и што велат епидемиолозите.

– Можеме да констатираме дека епидемиолошката состојба во Црна Гора е стабилна, нашиот здравствен систем доста добро се справи со целата оваа состојба и благодарение на тоа можеме да кажеме дека е подготвен сет на мерки што подразбираат физичко и социјално растојание на местата за капење, во објектите, рестораните кои се во зоната на ЈП „Морски имот“, како и дека предлогот е испратен до надлежните институции, вклучително и Институтот за јавно здравје на Црна Гора и ресорното министерство и очекуваме набрзо да ја отвориме сезоната – вели Јелушиќ.

– Овие се нови стандарди и верувам дека сите можеме да ги примениме совесно, така што сите гости ќе се чувствуваат пријатно и безбедно. Оваа година, ние предложивме хотелите од плажа во Б категорија да имаат социјално растојание од 16 квадратни метри помеѓу комплетите на две лежалки, а хотелите со четири везди да имаат растојание од 13 квадратни метри. Тоа е уште поудобно растојание отколку што имаме во редовното функционирање во последните два месеци – посочува Јелушиќ.

Во Црна Гора се отворени занаетчиски продавници, такси-службите започнаа со работа, а отворањето на базените се очекува за помалку од две недели.

– Очекуваме отворање на плажите на 18 мај, според новите стандарди, односно подолги растојанија помеѓу лежалките, почести третман на плажите со средства за дезинфекција. Ќе  се врши дополнително следење на квалитетот на морската вода на секои 10 дена на над 100 локации во Црна Гора. Верувам дека сите овие нови елементи што ги подготвивме ќе бидат доволно добра рефлексна покана дека гостите со поголема удобност и безбедност можат да останат на нашите плажи – смета директорот на „Морски Имот„.
Јелушиќ не верува дека новите мерки ќе ги зголемат цените на аранжманите. Тој вели дека дури  очекуваат и спротивен ефект.

„Сите сега повикуваме на солидарност и очекуваме нашите туристички работници да имаат мерка кога станува збор за цените. Јасно е дека оваа година не можеме да исполниме некои планирани очекувања, така што ќе ги спуштиме на реално ниво, така што ќе бидеме солидарни во делот на некои пристојни цени“ – заклучува Јелушиќ.