Сите се прашуваме дали и како ќе летаме оваа година. Носењето маски и ракaвици, како и социјалното растојание се нешто на што треба да се обрне внимание во периодот што следи, и верувам дека сите го поставуваат прашањето дали, ако се отворат границите, можеме навистина да се опуштиме на одмор.

Додека Грција се уште прави проценка за изгледот на плажите и начинот како ќе се оди на плажа, а Бугарија и Турција почнаа да ги отвораат туристичките ресорти и покрај зајакнатите мерки, Црна Гора денеска објави како го замислува овогодишниот туризам.

Државниот секретар во Министерството за одржлив развој и туризам на Црна Гора Дамир Давидовиќ за ТВ Прва, денес обајсни кој е планот за летната сезона во Црна Гора и дали ќе се отворат границите.

– Сигурен сум дека границите ќе бидат отворени. Горди сме на она што го направи нашиот Институт за јавно здравје кога станува збор за оваа пандемија. Немаме регистрирани нови случаи повеќе од една недела. Се надеваме дека границите ќе се отворат полека, тоа е насоката кон која одиме, да се воспостави сообраќај прво во Црна Гора, а потоа и меѓународен сообраќај. Кога – ќе одлучат епидемиолозите, а не туристите – изјави Давидовиќ за ТВ Прва.

Тој, исто така, рече дека 18 мај е датум за отворање на сите угостителски установи, „во согласност со трите фази на лесно опуштање на ограничувањата воведени во претходниот период“, и се надева дека летна сезона сепак ќе имаат.

– Дефинитивно ќе биде нов вид туризам, оваа фраза на контролиран туризам веќе стана домашна, но се надеваме дека ќе имаме туристичката сезона. Верувам дека сите лесно ќе се навикнеме затоа што нашата цел е да го заштитиме здравјето и на вработените во туризмот и на туристите – рече Давидовиќ.
Иако сè уште е неизвесно и рано за големи прогнози, некои модели што ќе се имплементираат се веќе добро познати.

– Во некои европски земји сме сведоци на пандемија, затоа веруваме дека најголемиот дел од пазарот ќе биде отворен. Сепак, ако знаевме дека постои некаде фокусна точка, би било неприродно да се воспостави сообраќај со таа состојба. На почетокот од оваа недела, имаше состанок на министрите за туризам во ЕУ, така што тие си дадоа рок од триесет дена за да видат како и дали ќе се овозможи патувањето “, објасни тој.

На 16 квадрати две лежалки
На прашањето како ќе изгледаат плажите во Црна Гора, Давидовиќ за ТВ Прва вели:

– Сите сме навикнати на овој нов момент на социјално дистанцирање и веројатно тоа ќе потрае некое време. Предвидено е на приближно 16 квадратни метри да има по две лежалки, но ако дојде повеќечлено семејство, тогаш ситуацијата ќе биде поинаква. Секако, ќе има дезинфекција на креветите на плажа на дневна основа, а веќе се прават анализи кои супстанции би обезбедиле највисоко ниво на безбедност. Важно е да бидат спроведени сите потребни мерки за сите да се чувствуваат безбедно – заклучува Давидовиќ.

Н.Д.