Во последните 24 часа, рекордни 45 лица починаа од коронавирус во Словенија, а потврдени се 1.388 нови случаи, објавено е на владиниот профил на Твитер.

Од последниот пресек, тестирани се 5.326 лица.

Во изминатиот ден 11 лица беа хоспитализирани, па сега во словенечките болници има 1.275 пациенти. Бројот на луѓе на интензивна нега е 208, пренесува СТА.

Од почетокот на епидемијата во Словенија, заразени се 56.932 лица, од кои 876 починале.

Во Хрватска во последните 24 часа се евидентирани 1.945 новоинфицирани со корона вирусот и 31 починат пациент, соопшти денеска Националниот штаб за цивилна заштита.

Вкупно 15.371 случаи се моментално активни во Хрватска, од кои 1.827 пациенти се во болница, од кои 196 се на дишење.

Заклучно со 25 февруари, во Хрватска се евидентирани вкупно 87.464 лица заразени со новиот корона вирус, од кои 1.113 починале.

Вкупно се опоравиле 70.980 лица, од кои 2.242 во последните 24 часа.

Во моментов има 36.175 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 63.175 лица, од кои 7.262 во последните 24 часа. A.Н.