Photo by Daria Shevtsova from Pexels

Стереотипите за мрзеливоста која им се припишува на Црногорците со векови, етно село Монтенегро близу Никшиќ ги користи со години за организирање натпревар во лежење.

Бидејќи коронавирусот им ги наруши плановите оваа година, тие одлучија да организираат епидемиолошки совесен натпревар во самоизолација.

Сите учесници мора да се придржуваат до правилата што предвидуваат тие да престојуваат сами во колибата и да не одат никаде и самите да ја одржуваат хигиената на сместувањето и приборот. Нема телефон или телевизија, нема цигари ниту алкохол.

Организаторот обезбедува храна седум дена, но и подолго ако има упорни натпреварувачи.

“Храната ќе биде здрава, нема ништо спакувано или обилно. Нормално за здрав ден. Водата е изворска, ја имате во сместувањето. Дозволени се книги, дозволено е цртање. Дозволено е сè што е здраво за душата на човекот”, велат организаторите од етно село Монтенегро.

Победникот ќе добие скромни 300 евра, но учесник кој ќе се повлече пред третиот ден ќе плати за комплетно сместување и храна во износ од 105 евра.

Натпреварот започнува на 5 февруари, а судејќи според првите апликации на Фејсбук страницата на организаторите, има многу кои „би одмарале и за тоа ќе бидат платени“.

Сепак, комисијата ќе избере пет до седум натпреварувачи од апликантите, пренесува Хина. А.Н.