Фото Н1

Во последните 24 часа, во Хрватска се евидентирани 3.327 новоинфицирани со коронавирус, 92 лица починале, а во моментот се активни 22.402 случаи, објави во средата Националниот штаб за цивилна заштита.

Хоспитализирани се 2.907 пациенти, од кои 294 се на апарати за дишење. Во моментов има 53.286 лица во самоизолација.

Од почетокот на епидемијата до денес, вкупно 183.045 лица се заразени со коронавирус, од кои 2.870 починале. Вкупно се опоравиле 157.773 лица, од кои 2.694 во последните 24 часа.

До денес се тестирани вкупно 908.215 лица, од кои 11.387 во последните 24 часа. А.Н.