Комитетот за заштита на новинарите, чие седиште во Њујорк, соопшти дека 262 лица се наоѓаат во затвори низ целиот свет поради нивната работа на собирање и објавување вести.

Комитетот забележува дека така е соборен негативниот рекорд, наведувајќи дека се работи за најголем број новинари во затвор, откако Комитетот во почетокот на 1990-тите почна да спроведува годишно истражување за новинарите „зад решетки“.

АП објави дека оваа година е соборен минатогодишниот рекорд од 259 новинари во затвор. Комитетот нагласува дека трите земји каде новинарите најмногу ги затвораат се Турција, Кина и Египет. Во Турција, како што е прецизирано, 73 новинари се „зад решетки“, додека во Кина 41 и 20 во Египет.

Комитетот забележува дека нивната листа, која претставува преглед на новинари кои биле уапсени зашто ја извршувале својата работа, е составена заклучно со 1 декември. Во листата не се вклучени новинари кои се задржани во затвор, а потоа пуштени во текот на годината.