За прв пат во Македонија, на 25 јули, доаѓа една од најголемите италијански ѕвезди и сигурно еден од најдобрите европски вокали Цукеро, со своето best of шоу во прекрсаниот Охрид, во идеaлниот простор за таа музика- Антички театар, најави „Авалон продукција“.

Цукеро (ZUCCHERO) е артист којшто го има направено невозможното. Со карактеристичен блуз вокал, има неверојатен број и на комерцијални хитови: „Baila Morena“, „Senza Una Donna“, „Dune Mosse“ и уште многу други, а пред се`, кввалитетот на изведбата и музиката се секогаш во прв план.

-Цукеро е веројатно уникатен и по фактот дека е пејач којшто има зад себе остварено соработка со најголем број на навистина неверојатно квалитетни артисти како: Miles Davis, Eric Clapton, Ray Charles, Sting, Texas, Queen, Peter Gabriel, Mark Knopfler, John Lee Hooker, Joe Cocker, Jeff Beck, Iggy Pop, Elvis Costello, Bryan Adams, Bono Vox, BB King, 2 Cellos, Ennio Morricone, Andrea Bocelli и други. Неверојатно, но вистинито, нели? – посочува организаторот.

Концертот на Цукеро во Охрид е, освен од традиционалните спонзори на „Авалон продукција“ за оваа година, помогнат и со покровителство на општина Охрид, како и сите останати проекти што ќе ги работат таму оваа година.

Сите детали околу влезниците ќе бидат познати на 21 мај во 21 часот.