Македонското здружение за култура, обичаи и традиции „Гороцвет“ и издавачката куќа „Бата прес“ организираа чествување во чест на починатиот македонски писател, литературен критичар и есеист Трајан Мартиновски (1951 – 1999), на кое за неговото творештво зборуваа сликарот и хуманист Живко Попоски-Цветин, уредникот на издавачката куќа Ненад Баткоски, како и промоторот на делата на Мартиновски, интернационалниот шаховски мајстор Димитар Илиевски. На средбата во боемскиот ресторан „Идадија М“ со читање проза и стихови учествуваа новинарот и писател Томислав Башевски, поетесата Драгица Пандиловска, новинарката – уредничка во Македонското радио Валентина Новковска-Трајковска и други познати имиња од македонската култура и уметност.

Трајан Мартиновски објави повеќе книги и монографии, меѓу кои: „Говорот на цвеќето“, „Петнаесет пеења за Карванот на цвеќето на мирот“, „Гробот на Чинго“, „Брезово – биографија на каменот и цветот“, „Златниот венец на спомените“, „Кон културното наследство“, „Христовиот гроб“, „Дулбија“, а незавршен и необјавен му остана автобиографскиот роман „Бивш човек“. В. Ѓ.