четврток, април 25, 2024
домаНасловнаЧлен на обезбедувањето на Пендаровски позитивен на КОВИД-19

Член на обезбедувањето на Пендаровски позитивен на КОВИД-19

Член на обезбедувањето на претседателот Стево Пендаровски е позитивен на тестирањето за КОВИД-19 кое било извршено во попладневните часови на 17 мај 2020 година (недела), соопштија од кабинетот на Претседателот.

Членот на обезбедувањето на претседателот, вработен во Министерството за внатрешни работи, е дел од поширокиот тим на обезбедување, што значи дека немал директна комуникација со претседателот. Како што соопштуваат од кабинетот на претседателот Пендаровски,вработениот минатата седмица користел годишен одмор, а последен пат бил на работното место на 11 мај 2020 година (понеделник).

По спроведената епидемиолошка анкета, утврдено е дека е потребно да се тестираат дополнително 11 лица кои биле во контакт со лицето кое е позитивно. Сите 11 лица биле тестирани и се негативни на КОВИД-19, но и покрај тоа остануваат во самоизолација до 25 мај, до истекот на инкубација од 14 дена.

По извршената епидемиолошка анализа, претседателот Пендаровски и членовите на неговото семејство се оценети како контакти од втора линија, за кои според епидемиолошкиот протокол не се препорачува изолација.Претседателот продолжува со извршување на редовните работни обврски.

Кабинетот на претседателот продолжува непречено да функционира, согласно препораките за заштита од КОВИД-19. Во изминатите два месеци вработените работат по различен распоред. Поголемиот дел од активностите се одржуваат на отворено. На средбите и настаните се одржува препорачаното физичко дистанцирање, се користи заштитна опрема како маски и ракавици, средства за дезинфекција, а редовно се чистат и дезинфицират просториите во „Вила Водно“, велат оттаму. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ