nata
Од нашиот специјален известувач од COP 23, Наташа Доковска Спировска

Од коалицијата, која патем ја сочинуваат голем број на невладини организации кои ја третираат родовата еднаквост велат дека бараат робусен ГАП што ќе се движи надвор од родовите стереотипи. Оваа кампања е поврзана со родовите прашања и климатските решенија и ја нагласува работата што веќе ја прават жените за да ги предизвикаат и трансформираат родовите улоги и да се борат против климатските промени.

2016 година беше една од најсмртоносните години за жените кои се борат на првите позиции за нивните човекови права и правда за животната средина. Оваа кампања ќе покаже како изгледа вистинското чудо од жена, која ги почитува борците за слобода и ја подига свеста за работата што остана, a со цел да ја осигури нивната безбедност.

Оттаму Коалицијата поднесе 19 барања кои се претставуваат предлози што треба да бидат дел од ГАП. Првото барање се однесува на донесување на робустен акционен план за родова еднаквост на COP23 кој треба да има за цел  унапредување на родовата одговорна политика и дејствување врз основа на човекови права! Затоа под итно бараат да се премине од длабоко неправедна економија базирана на фосилни горива до одржлив, праведен, феминистички развој.

Второто барање се однесува на финансирањето во подршка на намалување на климтските промени. Претставни(ч)ките на Коалицијата бараат развиените земји да МОРА да ги исполнат своите јавни финансиски обврски за да им помогнат на земјите во развој. Феминистите велат НЕ за јавно-приватно партнерство!

Како трето барање е отворање на Зелен климатски фонд кој би тежел 10 милијарди американски долари. Тие гласно прашуваат дали се тоа многу пари за спас на палнетата, ако се знае дека годишно се трошат 1,6 трилиони долари за воени трошоци?

Бараат план за вистински амбиции преку фасилитативен дијалог кој би започнал следната година, а кој мора да поттикне засилена амбиција и соработка помеѓу државите. Фацилитативниот дијалог мора итно да се осврне на јазот во спроведувањето одржливост на затоплувањето под 1,5 степени.

Барањето 5 се однесува на ефикасно адресирање на загубата и оштетувањето. Имено, активистките бараат акција за справување со губење и оштетување од климатските промени како независен столб во кој ќе се собираат средства за компемнзација на штетите. Овој финансиски столб би се финансирал од данок за екстракција на фосилни горива, данок на бункери, данок на финансиска трансакција, надоместок за воздухопловство.

1Едно од барањата се однесува на создавање стабилна платформа базирана на правата на домородните народи и локалните заедници. Бараат  спроведување на правото на слободен софтвер за транспарентно работење на политичарите во нивните земји. Седмото барање се однесува на имплеменација на  националните политики базирани на правата. Само колку за информација  само 64 од 190 национално утврдени придонеси (НДЦ) се однесуваат на жената и родот.  НДЦ мора да бидe холистички: земајќи ги предвид меѓународните закони, родовата рамноправност и хуманите ресурси, Париските преамбуларни принципи. Државите мораат да обезбедат активно учество на женските организации за право и родови експерти, додека ги имплементираат.

Осмото барање се однесува на тоа дека жените во светот бараат премин од фосилни горива во обновлива енергија! Развиените нации треба да го сопрат создавањето на  нова јагленска централа – тоа е одговорна работа!

Бараат редукција на стакленички гасови и почитување на човековите ресурси, родова еднаквост, права на интелектуална сопственост, стратегии за локална заедница и животна средина. Бараат решение за намалување на стакленички гасови и да се стави крај на производството на јаглен!

Десетoто барање гласи: Слушајте луѓе, а не профит! И велат дека COP 23 мора да одржува кохерентно разбирање и спроведување на концептите на носителите на обврските и носителите на правата, односно дека COP 23  треба да има цврста политика и процедури за справување со конфликтoт на интереси. Но, не смее да се заборави дека ако компаниите за фосилни горива имаат силен интерес за профит од фосилни горива, луѓето имаат силен интерес за човековите права. Оттаму, државите учеснички на COP 23  имаат должност да ги регулираат корпорациите кои предизвикуваат кршење на човековите права и да придонесат за климатските промени.

Заштита на еколошките системи за храна е единаесеттото барање на Коалицијата. Промовирање на промена од нашиот индустриски систем за храна, индустриско сточарство, до локалните и домородните системи за храна базирани на култури. Традиционалните култури помагаат да се издржи отпорноста на климатските промени и суверенитетот на храната за малите сопственици, жени. Од друга страна, традиционалните култури ја зголемуваат земјоделската разновидност, промовирајќи ја еколошката разновидност на сортите. Традиционалните култури ја подобруваат еластичноста на заедниците. Затоа од Коалицијата повикуваат да се побара пристап на жените до производствените ресурси, да се осигураат правата на сопственост на земјиште, преживување во рамки на  климатските промени.

4Дванаесеттото барање се однесува на потребата да има се повеќе лидери кои имаат екосистемски приод. Прилагодувањето на климатските промени и еластичноста треба да бидат родово одговорни, базирани на екосистеми, насочени кон заедницата и холистички. Владите треба да обезбедат соодветни форми на правна, политичка и финансиска поддршка за родово одговорна адаптација. Феминистките велат СТОП за сите форми на јавна поддршка за насадите на монокултурно дрво!

Следното барање се однесува за зачувување на океанот и бараат прилагодливи мерки за решавање на пораст на нивото на морето, затоплување на океанот и закиселување на океанот. Крајбрежните екосистеми како што се речните делта, устијата, песочните дини, мангровите и коралните гребени се во сериозна опасност.

Во следното барање се вели: Знаете ли дека водата е живот? Тие бараат да се обезбеди сигурност на водата за жените, девојките и заштита на човековото право на вода. Во нивното барање меѓу другото велат: “Нашите браќа и сестри кои живеат на климатските фронтови се соочуваат со сериозен недостиг на пристап до вода за пиење поради климатските промени. Со обезбедување на безбедноста на водата, државите ќе го подобрат правото на живот, вода, храна, здравје и образование!

14то барање се однесува на промовирање на здравјето, вклучувајќи го сексуалното и репродуктивното здравје. Сите политики и стратегии фокусирани на климатските промени  и здравјето треба да бидат поврзани (но не ограничувајќи се на) на ЦОР.  Во наредното, 15 барање се вели дека треба да се прифати дека климатските “решенија” се родови, но то а ќе се направи само ако се  намалат оптоварувањата на жените, а не се зголеми обемот на работа на жените: ова е климатско решение за климатските промени. Жените бараат родово-праведни климатски решенија кои ги промовираат нивните човекови права!

Од Коалицијата бараат развивање на правила за консултации и согласност на заедницата: да се договорат за јасни правила за обезбедување на учество на јавноста, пристап до информации, консултации, а кои треба да имаат сенс за родовите димензии, како вклучување на родови експерти и женски невладини организации во домашни стратегии и планови. Феминистите бараат подобра институционализација на ангажманот на граѓанското општество, вклучувајќи го и специфичниот простор за женски граѓански организации.

Последното, седуманесетто барање се однесува на промовирање на енергетска демократија. Решенијата нè оддалечуваат од пристапи базирани на пазарот од горе надолу за дистрибуција на енергија и контрола врз природните ресурси, затоа од Коалицијата бараат од заедниците, вклучувајќи ги и жените, да имаат контрола врз сопствените енергетски системи .

3На крајот од нивните барања прашуваат: “Мислите ли дека се потребни фосилните горива за да се запалат светлата за да се спречи силување?” И бараат од COP 23   да ги отфрли небезбедните енергетски предлози како ЦЦС и нуклеарната енергија и да избере опции кои не се со висок ризик.

Бараат од COP 23  да промовира енергетска демократија, да не предлага високо ризични решенија кои предизвикуваат неизвесност околу биолошката разновидност, безбедност на храната и средства за живот. Енергетската транзиција мора да биде родова и да ги одразува потребите на сите.