Кинеската академија на науките откри дека еден вид чај го намалува ризикот од малигни тумори. Чајот оолонг има чудотворен ефект врз човековото здравје, што го докажува со изобилството на антиоксиданти, витамини и минерали. Овој чај содржи витамини А, Б, Ц, Е и К, како и полифеноли, хемикалии кои имаат антиканцероген ефект.

Оолонг чајот е направен од истата билка како зелениот и црниот чај, но за разлика од нив таа е делумно ферментирана. Бројни студии докажаа дека покрај борбата против ракот, овој напиток го намалува ризикот од мултиплекс склероза, гојасност, алергии, дијабетес и срцеви удари.

Треба да се пијат две чаши оолонг чај секој ден, а може да се купи во продавниците за здрава храна. Чајот е со сладок вкус, и најдобро е да се пие без шеќер и млеко.