Во фабрика за хемиски производи во Чешка се случи експлозија. Како што јави „Би-Би-Си“, најмалку шест работници загинале. Повеќемина се сериозно повредени.

Експлозијата се случила во хемиска фабрика, 30 км северно од Прага, јавија пожарникарите.

– Добивме информации за шестмина мртви и повеќе лица сериозно повредени – соопштено е од регионалната противпожарна служба, пренесе чешката агенција ЦТК.

Фабриката Синтос каде се случила експлозијата се наоѓа во местото Кралупи на Влтава. Болницата “Прага-Винохради” активираше план за вонредни состојби и се подготвува да прими „голем број“ пациенти.