четврток, април 25, 2024
домаЖивотЗдравјеШест нови дијагностицирани со коронавирусот, меѓу заболените и 4-годишно девојче

Шест нови дијагностицирани со коронавирусот, меѓу заболените и 4-годишно девојче

Денес до 16:00 часот дијагностицирани се 6 нови пациенти, заболени со коронавирус, информира министерството за здравство.

Се работи за едно девојче од Штип на 4-годишна возраст, кое се инфицирало во градинка во Англија. Семејството се вратило во земјата на 14 март и било во домашна излоација. На тестирање се јавиле вчера, два дена откако девојчето ги почуствувало првите симптоми.

Во Дебар се регистрирани 3 нови случаи на коронавирус, тестовите се направени во рамките на скринингот.

Во Скопје е регистриран 1 случај, контакт на претходно дијагностицираните.

И во Гостивар е потврден случај на коронавирус. Се работи за жена вратена од Швајцарија која била во домашна изолација. На тестирање се јавила сама, а на епидемиолошката анкета навела дека имала контакт со заболен во Швајцарија.

Во моментов се тестираат 35 лица, а кога ќе бидат готови резултатите од министерството ќе ја известат јавноста. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ