четврток, април 25, 2024
домаСпортШпанија: Натпревари секој ден во вечерните термини

Шпанија: Натпревари секој ден во вечерните термини

Продолжението на шпанската фудбалска ЛаЛига би можело да донесе секојдневни натпревари, јавуваат шпанските медиуми.

Иако сè уште не е официјално објавено, 12 јуни се споменува како датум околу кој се согласија шпанската фудбалска федерација и ЛаЛига како датум за почеток на преостанатите 11 кола на шпанското првенство.

Како што се наведува, натпреварите ќе се играат секој ден, а екипите ќе играат секој трет ден, така што ќе имаат 72 часа одмор помеѓу натпреварите.

Бидејќи ќе се играат во јуни и јули, натпреварите ќе бидат планирани исклучиво во вечерните часови – во помалку топлите делови натпреварите ќе започнат во 20 часот, во потоплите на југот на земјата дури и во 23 часот.

Шпанските клубови претходно добија зелено светло за групни тренинзи, што може да започнат од утре. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ