Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека националниот план за вакцинирање на ковид-19 ќе започне во јануари. Санчез рече дека вакцинацијата ќе биде организирана на 13.000 локации низ цела Шпанија и дека „многу значаен дел од населението“ може да се вакцинира во првата половина на следната година. Тој рече дека деталите ќе бидат објавени во вторник.

Шпанскиот премиер изјави дека 14-дневната кумулативна стапка на инфекција на 100.000 жители падна под 400.

Од денес, Шпанија бара негативен ПЦР-тест за ковид-19 од повеќето луѓе кои доаѓаат по воздушен и морски пат. Мерката се однесува на пристигнувања од 65 земји, вклучувајќи ги и повеќето земји од Европската унија. Во меѓувреме, североисточниот регион Каталонија намали некои строги ограничувања на баровите, рестораните и културните настани, воведени во средината на октомври.

Иако полицискиот час останува во сила од 22 до 6 часот наутро, каталонските барови и ресторани можат да имаат гости до 30 проценти од капацитетот внатре, а можни се и културни настани со 50 проценти од капацитетот. А.Р.