Во Шпанија, 605 луѓе починале од коронавирусот, најмалку во еден ден од 24 март, соопштија шпанските власти.

Вкупниот број на жртви од почеток на пандемијата достигна 15.843.

Шпанија, заедно со Италија и САД, е класифицирана во најпогодените земји од пандемијата на коронавирусот.

Шпанските власти ја продолжија вонредната состојба до 26 април. Поради епидемијата, земјата е блокирана од 14 март. А.Н.