Фото Twitter video screenshot

Нереалните слики од Шпанија патуваат низ светот со месеци. Околу 5.000 луѓе се собраа на концерт во Барселона организиран да го испита ширењето на коронавирусот на големи настани.

Сите посетители на влезот биле тестирани на Ковид-19 и морале постојано да носат маски. Тие не морале да држат растојание едни од други. Од сцената ги забавувал бендот „Love of Lesbian“.

Неодамна добиените резултати од експериментот покажаа дека шест лица се заразиле со корона во рок од 14 дена по концертот во Барселона, но инциденцата е помала отколку кај општата популација, пренесува „Би-Би-Си“.

Од шестмината, научниците заклучиле дека четворица се заразиле на друго место, а не на концертот.

„Нема индикации дека вирусот е пренесен на концертот. Се надевам дека овие резултати ќе дадат поттик за светската култура и дека музиката ќе се слуша како што заслужува “, рече инфектологот Хосеп Марија Либре.

Концертот во Барселона беше еден од најголемите собири во Европа од почетокот на пандемијата. Сличен експеримент беше спроведен минатиот месец во Холандија, каде околу 1.500 луѓе се собраа на забава во два дена. А.Р.