четврток, април 25, 2024
домаШуто Оризари конечно со матичен гинеколог за околу 20.000 жени

Шуто Оризари конечно со матичен гинеколог за околу 20.000 жени

Околу 20.000 жени во општина Шуто Оризари од денеска се обезбедени со примарна здравствена заштита после долги години, откако денеска е отворена ординацијата на матичниот гинеколог.

Како што рече министерот за здравство Венко Филипче на отворањето, гинекологот што го избрале се согласил да регистрира своја ПЗУ и да ја оформи својата ординација во рамки на Поликлиниката во оваа општина.

-Навистина ми е мило што денеска можеме да одбележиме еден навистина значаен настан, нешто што ќе значи многу полесен пристап кон здравствена заштита, а тоа е отворањето на гинеколошка ординација во Општина Шуто Оризари. Со ова на близу 20.000 жени што живеат во оваа општина ќе им се овозможи пристап до гинеколошка здравствена заштита, рана дијагноза на одредени болести, редовни прегледи и сè што значи квалитетна здравствена услуга во делот на таа специјалност. Ние направивме сериозни напори изминатите неколку месеци, набавивме посебна специјалистичка опрема во вредност од 39.000 евра. Таа гинеколошка ординација е целосно опремена според најсовремените стандарди – рече Филипче.

Тој се заблагодари на амбасадорката на Сојузна Република Германија и до Амбасадата на Народна Република Кина кои со своите активности придонесоа до тоа оваа поликлиника која функционира во рамките на Здравствениот дом Скопје полека почнува да ги има сите сегменти во делот на примарна здравствена заштита.

Во Поликлиниката во Шуто Оризари за две недели на располагање на жителите ќе бидат и неколку тимови матични лекари, по шесте неуспешни обиди за општи матични лекари. А.Н.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ