Научниците од Харвард ги прогласија оревите како најкорисен производ за срцето. Одамна се сметаше дека оревите имаат најголемо влијание за одржување на функцијата на мозокот. Истражувачите од Харвард откриле дека тоа не е целосно точно. Според нив, оревите се одлични за срцето.
За разлика од другите јатки, оревите го подобруваат липидниот профил и го намалуваат ризикот од срцеви заболувања, пишува шпанскиот весник „Ла Вангардија“.

Корисните својства на овој производ се должат на специфичниот хранлив состав.
Откриено е дека оревите имаат значително повисоки фитохемикалии и здрави мононезаситени масти. Тие се особено богати со есенцијални омега-3 масни киселини, кои човечкото тело не може сам да ги синтетизира. Експертот додаде дека оревите се богати со витамини, минерали и растителни влакна, како и имаат силни антиоксидантни својства, го нормализираат нивото на холестерол и имаат антиинфламаторни ефекти.


Марта Фере дошла до овие заклучоци заедно со нејзините шпански колеги, сумирајќи ги резултатите од долгорочната студија започната во 2013 година, во која биле поканети да учествуваат повеќе од 7.000 волонтери на возраст од 55 до 90 години. Научниците открија дека само три порции ореви неделно (една порција – 28 g) го намалуваат ризикот од смрт од разни причини за 45%. И смртноста од кардиоваскуларни заболувања е намалена за 55%.    Ал.Н.